Градско пливање, во швајцарски стил: жителите на Базел во лето од работа се враќаат пливајќи во Рајна

Градско пливање, во швајцарски стил: жителите на Базел во лето од работа се враќаат пливајќи во Рајна

пред 1 година

Жителите на Базел во летните топли денови знаат често од работа да се враќаат пливајќи во Рајна. Низ улиците на Базел може да се забележат како носат водоотпирни торби во кои ги ставаат личните работи доколку се одлучат да пливаат во Рајна.

Летната просечна температура на реката во летниот период изнесува 25 Целзиусови степени.

На одредени локации во Базел може да се забележат деловни луѓе како по завршување на работното време ги соблекуваат костумите на брегот на Рајна, ги ставаат во водоотпорните троби и пливаат до дома.

Околу Рајна нема спасители, пливањето од една точка до друга е на одговорност на самите пливачи.

Покрај Базел, ова се практикува во Цирих и Женева.

Фото: Markus Buehler, Armin Smailovic, Ella Foote

 

Share
Scroll to Top