Комплексот „Гранд Скопје“ ја збогатува својата понуда со уште еден репрезентативен објект – Grand View, новата станбена зграда што носи свежина и современи стандарди во урбаното живеење. Со фокус на квалитет, функционалност и одржливост, „Гранд Скопје“ веќе е во центарот на вниманието на пазарот на недвижности и се наметна како еден од најпосакуваните комплекси за домување и за водење на бизнис во Скопје.
Ексклузивната локација е достапна за сите преку отворената продажба што официјално започна минатата недела. Голем интерес за Grand View беше забележан уште пред неколку месеци, кога се отвори можноста за рана регистрација.
Grand View ги продолжува високите стандарди на комплексот, со уникатен архитектонски дизајн и премиум содржини што нудат удобност за живот и работа во срцето на градот.
Една од основните карактеристики на Grand View е енергетската ефикасност овозможена со фасади кои вклучуваат термоизолација и ниско-енергетско стакло што придонесуваат за оптимална заштеда на енергија и активно ја поддржуваат заштитата на животната средина. Ова значи помали трошоци за греење и ладење, како и одговорен однос кон природните ресурси, појаснуваат од „Гранд Скопје“.
Иако за многумина живеењето во центарот на градот е незамисливо без сообраќај и метеж, комплексот „Гранд Скопје“ го нуди токму тоа. Една од најголемите предности на „Гранд Скопје“, а со тоа и на идните станари во Grand View, е целосното ослободување на комплексот од сообраќај, со што се создава пешачка зона наменета за социјализација и одмор.
„Тоа е овозможено преку паркирањето кое е решено со три подземни нивоа, каде што се наоѓаат 1.000 паркинг места отворени за користење и од страна на станарите и на посетителите правејќи ја оваа целина обединувачка за целиот град. Со иста намена е и урбаниот парк, кој се протега на површина од 7.500 м² и кој ќе претставува вистинска оаза за сите посетители кои сакаат да уживаат во урбан амбиент“, велат од „Гранд Скопје“.
Во рамките на комплексот, жителите и посетителите ќе имаат пристап до премиум продавници, кафулиња и ресторани, како и до деловни простории сместени во отворената шопинг галерија. Овој мултифункционален концепт овозможува сè што е потребно за секојдневниот живот да биде достапно на само неколку чекори од дома.
ПР текст