Грашо и Хана денеска ќе се венчаат: Мојата спална соба не треба да им е важна на луѓето

Грашо и Хана денеска ќе се венчаат: Мојата спална соба не треба да им е важна на луѓето

пред 3 години

Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ која е 14 години помлада од него денеска ќе се венчаат. Малку детали се знаат за венчавката за која на големо се зборува во Хрватска.

Точната локација на венчавката не е позната за да не бидат опседнати од папараците, а наводно ниту гостите до последен момент не ја знаеле каде ќе се венча двојката. Според хрвтските медиуми, венчавката ќе се одржи во кругот на најтесното семејство и кумовите, пејачката Доменика и поранешниот кошаркар Дино Раѓа.

И Хана и јас сме луѓе кои не сакаат да се појавуваат во медиумите. Неверојатно е што баш ние бевме на толку многу насловни страници, луѓе кои не сакаат да се појавуваат во јавност, призна пејачот.

Грашо и Хана  чекаат принова, а тоа неодамна го прокоментира и самиот пејач.

– Ќе станам татко. Благодарни сме за секој чекор што водеше кон нас. Малку е смешно што луѓето нè фаќаат на телефон насекаде, имам 25-годишна кариера, но очигледно на луѓето им недостигаат неколку овие убави приказни. Но, ќе продолжам да се трудам да ја задржам приватноста бидејќи сакам песната да им биде важна на луѓето, а не мојата спална соба, рече Петар, а потоа се осврна и на односот со семејството Хуљиќ.

Јас и Тончи отсекогаш сме биле на располагање еден на друг, од првиот момент, и пријателски и приватно и кога е во прашање работата. Отсекогаш сме биле семејство, а сега сме некако формално, правно семејство. Јас го обожавам тоа семејство, навистина, секогаш , и тие многу добро се сложуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, се смееме. Уживаме во правењето музика и ужасно сум среќен што ја имам оваа голема синергија и што кога работиме заедно со Вјекослав, тие големи хитови се случуваат, рече тој.

Грашо и Хана почнаа врска лани во октомври, а парот во јануари годинава објави дека чека бебе. Хана треба да се породи на лето.  Грашо пред Хана беше во врска со Данијела Мартиновиќ повеќе од 24 години, а за нивното раскинување се дозна во мај минатата година.

Share
Scroll to Top