Еко-активистката од Шведска, Грета Тунберг матурираше. Таа на нејзиниот Инстаграм објави дека го одржала нејзиниот последен петочен училишен протест за климата, но дека ќе продолжи да протестира.
„Денеска матурирав, што значи дека веќе нема да можам да ги одржувам училишните штрајкови за климата. Но, борбата само што започна“, напиша Грета.
Младата активистка на 15 години почна да протестира пред зградата на шведскиот парламент во Стокхолм во 2018 година. Соло протестот на Грета Тунберг покрена разни движења во Европа, САД и Австралија, познати како „Петоци за иднината“ и „Училиштен штрајк за климата“, а таа стана симбол на борбата на младите луѓе за свет без фосилни горива кои ја загреваат планетата.