Во Ниш се одржа 11 -тата „Гробаријада“ која собра околу 200 претставници од 150 погребални компании од Хрватска, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.
Во некој од нишките ресторани гостите биле посужени со торта која била во облик на ковчег долга метар и половина, а тортата била послужена со огномет и звуци на „Маршот на смртта“.
Водителот на „Гробаријада“, погребникот Иван Станисављевиќ од Ниш вели дека целта на настанот е подобро да се запознаат и да разменат искуства со колегите. Во овој бизнис влегол пред 25 години и сега му го предава на синот.
На претставниците на компаниите кои придонеле за организацијата на прославата им биле врачени статуи на императорот Константин, а сите учесници како спомен понеле моливи во форма на колец од глог.
Претходниот собир беше организиран во 2019 година во Пожаревац, по што имаше пауза поради епидемиолошката состојба. Следната „Гробаријада“ ќе се одржи во Петровац.