Гробот на Оскар Вајлд уништен од бакнежи на обожаватели

Гробот на Оскар Вајлд уништен од бакнежи на обожаватели

пред 1 година

Бакнежите на гробот на ирско-англискиот писател Оскар Вајлд може да ја уништат надгробната плоча. Неговиот гроб е покриен со бакнежи на обожавателите, кои со години го посетуваат гробот на познатиот писател на париските гробишта Пер Лашез.

Некои од најпознатите дела што ги остави зад себе се: „Среќниот крал и други приказни“, „Сликата на Доријан Греј“ и „Важно е да се викаш Ернест“.

Оскар Вајлд починал во Париз во 1900 година, на 46-годишна возраст, набргу по отслужувањето на казната во затвор. Неговата хомосексуална врска со лордот Алфред Даглас доведе до скандал, судење и двегодишна затворска казна. Последните години од животот ги помина во Франција.

Приврзаниците на Вајлд го посетуваа гробот, а од деведесеттите години на минатиот век почнаа да оставаат траги од бакнежи на каменот.

Сепак, набрзо ни карминот не беше доволен – се појавија графити со кои обожавателите ја изразија својата љубов и наклонетост. Мерлин Холанд, внукот на Вајлд, предупреди на сериозен проблем, бидејќи маснотиите од шминката го оштетуваат каменот и го отежнуваат чистењето на гробницата.

Без разлика на предупредувањата и високите казни од 9.000 евра, вандалите не престанаа да оставаат бакнежи. Најголем дел од сторителите се туристи, кои успеале да избегнат казна.

За да се зачува гробот на Оскар, париските власти понудиле да покријат дел од трошоците за реставрација на споменикот, а на помош дошле Ирците со пари за радикално чистење и „одмастување“ на гробницата. На крајот беше поставена бариера од плексиглас околу гробницата за да се спречи понатамошна штета.

Share
Scroll to Top