Дадар ја нашминка Северина за концерт во Битола: И Северина ми го разубаве роденденот

Дадар ја нашминка Северина за концерт во Битола: И Северина ми го разубаве роденденот

пред 1 година

Македонскиот мејкап артист Александар Дадар се погрижи за изгледот на хрватската ѕвезда Северина, која синоќа направи забава за паметење во „Голд Фелиција“ во Битола.

„Ви благодарам на сите за убавите желби. И Северина ми го разубаве роденденот вчера. Подготовка за концертот во Битола“, напиша Дадар.

За потсетување, ова не е првпат Дадар да ја шминка Северина. За секој нејзин настап во Македонија, без оглед дали е тоа концерт во Скопје, Охрид или на пастрмалијада во Штип, тој е задолжен за нејзиниот изглед. Првпат ја нашминка во 2006 година кога Северина дојде во Скопје пред Евровизија за да ја промовира својата песна „Моја штикла“, а ја разубави и за „Вино фест“ во Кавадарци. Нивната соработка трае веќе 17 години.

Инаку на Дадар вчера му беше роденден. Стилистот објави фотографија со неговата сестра близначка Александра Василева.

Share
Scroll to Top