Дали си слуга само кога до тебе има господа? - „Слугинки” со премиера во Јавна Соба

Дали си слуга само кога до тебе има господа? – „Слугинки” со премиера во Јавна Соба

пред 6 месеци

Претставата Слугинки од Жан Жене, а во режија на Теодора Силјаноска пред два дена ја доживеа својата премиера на сцената на Јавна Соба во Скопје.

Во претставата играат Марија Цветановска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска. Сценските движења се на Александра Вељкович, а плакатот е изработен и фотографиран од Михаил Велески. Изборот на сценографијата и костимите на Теодора Силјаноска.

Претставата е за виорот кој го зафатил денешниот свет, каде лесно човекот се губи себеси, своите вредности и станува еден сосема нов организам, толку нов што се чини и деформиран. Претставата покажува примери за тоа како општествената позиција, ситуираноста и хиерархијата влијаат на нас. Дали си слуга само кога до тебе има господа ? Ова е претстава за двојноста на човекот, кој чекори на ивицата на гротеската и реалноста.

Каде во оваа денешна голема игра за моќ се губи еден човек кој само мечтае за подобро утре и дали тој воопшто има место под сонцето денес?!

Кога во оваа голема игра и претстава, животот станува за час посилен од се и става еден свој крај, или можеби различен почеток.

Проектот е поддржан од Министерството за Култура.

Share
Scroll to Top