Данијела Мартиновиќ ги збуни обожавателите со новиот изглед: „Воопшто не личи на себе“

Данијела Мартиновиќ ги збуни обожавателите со новиот изглед: „Воопшто не личи на себе“

пред 11 часа

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (55) повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со нова фотографија која предизвика поделени реакции меѓу нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Данијела позираше покрај базен, облечена во едноставна бела кошула, но наместо летниот амбиент, најголемо внимание привлече нејзината необична и лежерна фризура.

Пејачката фотографијата ја опиша со зборовите: „Малку ветер, малку сонце и БЕЗ фризура“, покажувајќи го своето опуштено летно издание.

Објавата за кратко време собра илјадници реакции, но истовремено отвори и дискусија за нејзиниот изглед. Дел од обожавателите признаа дека на прв поглед едвај ја препознале.

„Дали е ова Данчи?“, „Фризурата е одлична, но дали си тоа ти, Данијела?“ и „Воопшто не личи на себе“, беа дел од коментарите под фотографијата.

Сепак, голем број следбеници беа воодушевени од нејзиното ново, опуштено издание и го пофалија нејзиниот младолик изглед и позитивната енергија.

„Данијела изгледа прекрасно“, „Слатка, разиграна и позитивна – како девојче“, „Одлична фризура“ и „Фризурата и бојата се врв“, напишаа дел од нејзините обожаватели.

Иако новата фотографија предизвика различни реакции, едно е сигурно – Данијела Мартиновиќ повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со едноставно и природно летно издание кое нејзините следбеници не го очекуваа.

Share
Scroll to Top