Даночната управа ќе ги чешла договорите за новогодишните настапи на српските пејачи

Даночната управа ќе ги чешла договорите за новогодишните настапи на српските пејачи

пред 5 години

Даночната управа на Република Србија најави контрола на новогодинешните објекти кои работела за Нова година, а посебен акцент ќе биде ставен на местата на кои настапувале некои од големите естрадни музички ѕвезди.

Тие се одлучиле на ваков чекор откако во медиумите се појавија информации за висината на нивните хонорари. Даночната управа ги извести организаторите за дочекот на нова година, преку официјално соопштение кое го објавиле на сајтот.

Како што се шпекулира, предмет на истрагата ќе бидат хонорарите на естрадните ѕвезди.

„Ги известуваме даночните обврзници дека се должни во рамки на одредбите од член 108а, од Законот за пресонален данок на доход на граѓаните, со изведувач и друго лице ангажирано во изведување на забавна и народна музика или друга забавна програма, склучи договор и до петти во месецот доставува писмено известување за договори до Даночната управа, за претходниот месец. Станува збор за правни и физички лица кои вршат регистрирани дејности од областа на угостителството, туризмот, а во своите или закупени објекти организираат изведување на естрадни програми од забавна и народна музика или други забавни програми“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на Даночната управа на Србија, во кое се појаснуваат уште неколку детали.

„На образецот се доставува известување за склучени договори за изведба на естрадни програми од популарна и народна музика, заедно со копии од сите договори склучени во претходниот месец. Имајте предвид дека даночната управа му изрекува привремена забрана за вршење дејност до 30 дена на работодавачот од областа на угостителството, туризмот, посредувањето и други дејности, доколку организира разновидна емисија на забавна и народна музика или друга забавна програма, ангажирање изведувачи и други без договор. Или доколку во пропишаниот рок не достави писмено известување за склучените договори до Даночната управа“, пишува во соопштението.

Медиумите објавија информации за висината на хонорарите на пејачите за Нова година кои биле исклучително високи. Даночните власти сега сакаат да проверат дали службените давачки што честопати јавно ги потврдуваа изведувачите се совпаѓаат со оние во договорот.

Нивните сомнежи се дека многу од естрадните уметници на хартија се согласиле да пеат за половина од сумата што всушност ја земале, а остатокот го добиле на рака.

Аца Лукас настапил во еден популарен клуб, а зборувал дека по Нова година ќе биде побогат за дури 60.000 евра. Тој спаѓа во еден од наплатените пејачи.

Следен на листата е Ацо Пејовиќ, кој за еден настап во хотел наводно земал 45.000 евра.

Радиша Трајковиќ Џани, настапил во еден ресторан и наводно земал хонорар од 40.000 евра.

Александра Пријовиќ пеела во луксузен хотел во Белград, за се шпекулира дека нејзиниот хонорар изнесувал 35.000 евра.

 

 

Share
Scroll to Top