Данска е светски шампион во ракомет

Данска е светски шампион во ракомет

пред 3 години

Репрезентацијата на Данска е светски првак во ракомет, откако во финалето на СП во Египет ја победи Шведска со резултат 26:24. Ова е втора титула на Данска на Светските првенства, откако победија на Мундијалот и пред две години.

Најзаслужен за титулата беше голманот Никлас Ландин, кој имаше 15 одбрани, а голем дел од нив во последната четвртина од натпреварот. Тогаш Данска се одвои од Шведска, во натпреварот кој цело време беше изедначен и се играше гол за гол.

Најефикасни во данската репрезентација беа Хансен со 6, односно Нилсен со 5 голови, додека кај Шведска Ване го заврши натпреварот со 5 гола.

Претходно, во натпреварот за третото место, Шпанија ја победи Франција со 35:29 и ја освои бронзата.

Share
Scroll to Top