Да не загинеше денес ќе славевме 20 години брак: Ванеса објави емотивно видео за Коби Брајант

Да не загинеше денес ќе славевме 20 години брак: Ванеса објави емотивно видео за Коби Брајант

пред 3 години

Сопругата на Коби Брајан, Ванеса, објави дека вечра ќе прославеле 20-годишнината од брак, ако Коби не загинеше во хелихоптерската несреќа.  Таа на својот инстаграм-профил имаше емотивна порака. „Среќна годишнина, љубов. Те сакам. 20 години“, напиша Ванеса откако сподели фотографија од нивната венчавка која се одржала на 18 април 2001 година.

Коби Брајант и 13-годишна ќерка Џиана  лани трагично загинаа во хеликоптерска несреќа.

Покрај фотографијата, Ванеса објави и емотивно видео од нивните заеднички мигови во кое ѕвездата на НБА зборува за својата сопруга.

„Забавно е. Ние добро се забавуваме и неизмерно ја сакам. Ние сме најдобри пријатели и тоа е благослов“, вели Коби во видеото.

Минатиот месец, Ванеса ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарска ѕвезда славејќи го приемот на нивната најстара ќерка на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Многу сум среќна за тебе Нани и знам дека татко ти би бил многу горд на тебе денес. Твојот труд се исплатеше. Излезе како победник од невозможна болка“, напиша Ванеса за  видеото на кое с се гледа како Наталија е радува кога дознала дека е примена на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Share
Scroll to Top