Театар Комедија најави нова премиера. Од тетарот објавија фотографии од првата проба на првата премиера во 2023 година. Театарската претстава „Да умреш од смеење“ е во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а автор е Сашо Кокаланов.
Во претставата чија премиера треба да се случи во месец март ќе играат Тино Костадиновски, Атанас Атанасовски, Тони Денковски, Сергеј Димовски, Виктор Арсов и Жаклина Петровска.
На репертоарот на Театар Комедија актуелни се претставите „Женска гардеоба“, „Жени во Собрание“, „Грдиот“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Вечера за глупаци“, „Клетвата на Скотје“, „Анатомија на неверството“ и „Илуминати“.