Дваесет и седум хрватски актерки пријавиле сексуално злоставување на академијата во Загреб

Дваесет и седум хрватски актерки пријавиле сексуално злоставување на академијата во Загреб

пред 3 години

Дваесет и седум хрватски актерки поднеле пријава до Државното обвинителство за сексуално злоставување, малтретирање и други форми на несоодветно однесување на Академијата за драмски уметности во Загреб, јави ХРТ.

Според хрватскта телевизија, досега три актерки изјавиле дека сакаат да соработуваат со Државното обвинителство, а останатите пријави се анонимни. Се работи за кривични дела извршени од средината на ’90-те години до денес.

Деканката на Академијата, Франка Перковиќ Гамулин, објасни дека станува збор за пријави за осуммина вработени и за шест лица кои се поранешни вработени или пензионерина професори на Академијата.

„Сега е на ред судството кое треба да почне процедури, а ние се фокусираме на внатрешна истрага. Мислам дека наскоро едно лице го ќе оддалечиме од студентите“, рекла Перковиќ Гамулин.

Share
Scroll to Top