Тату артисти од Македонија и од странство ќе учествуваат на „Скопје тату шоу“, кој ќе се одржи на 26 и 27 август во хотел „Парк“. Станува збор за настан од натпреварувачки карактер и ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе категории. Ќе има и музичка програма, диџеј сетови, како и изложба и предавање.
„Тетовирањето еволуираше од ниска форма на самоизразување до глобално призната форма на уметност која ги надминува границите. Посетителите ќе можат да видат како работат овие тату мајстори и доколку имаат желба да се тетовираат“, вели организаторот.