Два македонски тима конкурираат за награда на НАСА

Два македонски тима конкурираат за награда на НАСА

пред 4 години

Два македонски тима, составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти.

„Двата тима работеа на своите проекти и минатата недела дополнително ги унапредија своите решенија со поддршка на менторите. Тие се сега во трка за една од шесте глобални награди од  НАСА со можност да добијат покана да го посетат Кенеди спејс центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета во текот на 2021 година“, велат организаторите на овој настан.

Минатиот викенд и Скопје беше дел од најголемиот хакатон во светот, NASA Space Apps Challenge на кој учествуваа над 25.000 лица од 200 локации на пет континенти. Од Македонија се натпреваруваа 120 учесници кои развиваа вештини за иновативно решавање на сегашни и идни предизвици. Двата наградени тима се AtomZ составен од ученици од средното училиште „Јахја Кемал“, и MySystems од Гостивар.

Првопласираниот тим работеше на развивање поиновативна верзија на алат кој веќе го користат астронаутите на Меѓународната вселенската станица, од причина што актуелната верзија има повеќе проблеми и досега предизвикала и оштетувања на станицата. Одлуката на глобалната жири комисија ќе биде позната околу Нова година.

 

Share
Scroll to Top