Две жени победија на „Survivor“ 2023: Антонија од Загреб и Наташа од Нови Сад го кренаа пехарот

Две жени победија на „Survivor“ 2023: Антонија од Загреб и Наташа од Нови Сад го кренаа пехарот

пред 1 година

Финалето на „Survivor“ ( „Преживеан“)  им припадна на две жени – Антонија Ивиќ од Загреб од синиот тим и Наташа Кондиќ од Нови Сад од црвениот тим. Натпреварувачите се соочија со најтешките предизвици досега, тестирајќи ги нивните физички граници, ментална сила и емоционална издржливост. Во синиот тим Антонија играше против Денис Свиличиќ, а во црвениот Наташа против Ања Андрејиќ. Во финалеto што го отворија Антонија и Денис, Денис го освои првиот поен, но Антонија го израмни веќе во второто коло кога освои бод и израмни. Во драматичната игра, на крајот, Антонија беше подобра со резултат 4:3.

Неизвесно беше до самиот крај и во првото коло во пресметката меѓу Ања и Наташа, а на крајот повеќе бодови зеде Наташа, која славеше на крајот на првата игра со резултат 4:3.

„Мамо, многу ми е мило што можам да се вратам дома“, се пошегува Антонија и го продолжи победничкиот говор: „Им благодарам на луѓето што ме поддржаа. Колку и да се зборува дека „Survivor“ е индивидуална борба, без мојот тим што го сретнав овде немаше да победам. Сакам сите деца што го гледаат ова да излезат од својата куќа и да почнат да спортуваат. Тие ќе бидат благодарни и среќни поради тоа. Ако спортот беше религија, јас би ја избрала таа религија во животот. Мојата цел во животот е да го промовирам психофизичкото здравје“.

На вториот полигон победата ја извојува Наташа во црвениот тим. Искрено, навивав за тебе“, ѝ рече Наташа на својата натпреварувачка Ања по добивањето на трофејот.

@ Никогаш не сонував за ова. Кога се пријавив, сите веруваа во мене, освен јас самата. Со ова сфатив дека треба да верувам во себе и дека навистина можам. Горда сум на сè што поминав во „Survivor“ и мојот личен „Survivor“ затоа што двете најголеми љубови на светот ги оставив дома. Во длабочините на душата знаев дека мајка им ќе ја донесе наградата дома“, изјави Наташа.

Share
Scroll to Top