Две лажички свеж ѓумбир го намалуваат холестеролот, а рузмаринот и лукот ја подобруваат цирклуацијата

Две лажички свеж ѓумбир го намалуваат холестеролот, а рузмаринот и лукот ја подобруваат цирклуацијата

пред 3 години

Луѓето чии стапала и раце се постојано ладни обично имаат проблеми со циркулацијата. Постојат неколку причини за овој проблем: тој може да се наследи, а може да и се појави како резултат на недостаток на физичка активност. Покрај терапијата што може да ви ја препише лекар, може да помогнат и билките кои долго време се користат за поттикнување на циркулацијата во рацете и нозете.

Во народната медицина рузмаринот најчесто се користи како напиток, но чајот од ова растение може да се користи и за подготовка на облоги. Сварете една лажица со листови рузмарин околу две минути во 1,5 dl вода, па процедете ја. Потопете една ленена ткаенина во чајот, па завиткајте ја околу стапалата, покријте ја со сува топла крпа и држете ја околу дваесет минути. Овој третман е најефикасен пред спиење.

Ѓумбир

Состојките од ѓумбир ги прошируваат артериите и на тој начин ја подобруваат циркулацијата. Затоа се користи за намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, за опуштање на мускулите и е добар лек за ревматски проблеми. Истурете две лажички свеж или една лажичка сув ѓумбир во чаша врела вода, измешајте и оставете малку да се излади. Пијте го овој топол пијалок два пати на ден.

Лук

Освен што го намалува високиот крвен притисок, лукот ги шири крвните садови и го загрева телото. Исчистете и изгмечете 350 гр лук, па истурете ги во стаклена тегла и прелијте ги со три децилитри алкохол. Добро затворете ја теглата и чувајте ja на ладно и темно место, но не во фрижидер. По десет дена поминете го талогот, а потоа процедете го низ четири слоја газа. Во следните три дена оставете го овој пијалок да мирува на истото место и под исти услови. Пијте три до пет капки три пати на ден.