Деведесетгодишна жена е најстарата личност што дипломира на Универзитетот во Илиноис

Деведесетгодишна жена е најстарата личност што дипломира на Универзитетот во Илиноис

пред 1 година

Американката Џојс ДеФау дипломира на Универзитетот во Северен Илиноис на 90 години, дури 71 година откако се запишала во прва година на факултет. Таа ги почнала студиите по економија во 1951 година, но плановите ѝ се промениле кога го запознала својот прв сопруг во црква, пишува „Си-ен-ен“.

„Одев на училиште три и пол години, но решив да се откажам откако го запознав“, изјавила Џојс.

Таа и нејзиниот тогашен сопруг, Дон Фриман, се венчале 1955 година и добиле три деца пред тој да почине. Пет години подоцна, Џијс се омажила за вториот сопруг, Рој ДеФау, со кого добила шест деца, а од нив два пара биле близнаци. Со текот на годините нејзиното семејство се зголемило и таа сега има 17 внуци и 24 правнуци.

Во 2019 година, ДеФау решила да се врати на факултетот што го оставила поради семејството.

„Претпоставувам дека во некој момент спомнав дека сум вознемирена што не го завршив училиштето и моите деца ме охрабрија да се вратам“, рекла таа, па повторно се запишала на Универзитетот и почнала да посетува настава.

Членовите на нејзиното семејство ѝ биле поддршка, а наместо да оди до кампусот за да посетува настава, таа го правела тоа преку онлајн од својата соба.

„Тоа беше мојот прв компјутер“, рекла ДеФау, „моите деца мораа да ме научат како да го користам. Имаше моменти кога сакав да се откажам, но не го сторив тоа“, рекла ДеФау, па открила дека и директорката за основни студии, Џуди Сантакатерина, исто така ѝ била од голема помош.

ДеФау посетувала по еден час секој семестар, вклучително и во текот на летото. Три години подоцна таа добила диплома за основни студии на Универзитетот.

Џојс вели дека е благодарна што имала можност да се врати на училиште и да стекне диплома: „Убаво е да завршиш нешто што си го започнала“, рекла таа и ги советувала другите: „Не се откажувајте, знам дека може да биде тешко, но сè во животот има свои подеми и падови“.

Share
Scroll to Top