Дедо Мраз тргна од Лапонија: Божиќ не е откажан

Дедо Мраз тргна од Лапонија: Божиќ не е откажан

пред 3 години

Финскиот Дедо Мраз познат како Јолупуки, со своите ирваси, традиционално тргна на пат за да им подели подароци на сите деца во светот. Тој ќе помине повеќе од 450 милиони километри, за да може да ги посети сите деца на Божиќ.

Божиќниот пат го почна од најсеверниот дел од земјата Финска и упати порака до сите во овие времиња да бидат со најблиските и на нив да им посветат најмногу внимание.

„Живееме во комплицирано време и сега е моментот да се опуштиме и да поминеме време со семејството“, изјавил  Дедо Мраз во своето божиќно обраќање, пишува „Тас“. Тој тогаш додаде : Божиќ не е откажан, останете дома.

Тој додал дека е важно сите да им се посветат на најмилите, за да никој да не се чувствува осамено во овој посебен ден.

 

 

Share
Scroll to Top