Деми Мур за стареењето: Холивуд е суров кон жените

Деми Мур за стареењето: Холивуд е суров кон жените

пред 3 месеци

Актерката Деми Мур (61) се појави на насловната страница на септемвриското издание на магазинот Interview, а многумина истакнаа дека актерката изгледа одлично на фотографиите.

Таа моментално го промовира својот филм The Substance, за ѕвезда која инјектира дрога од црниот пазар за да изгледа помлада, што ја трансформира во млада и енергична убавица, која ја игра Маргарет Квали.

Во интервјуто, Деми го коментираше вниманието кое нејзиното тело во бикини го привлече кога имаше 40 години и глумеше во Чарлиевите ангели.

„Работев на филмот Charlie’s Angels и многу се зборуваше за познатата бикини сцена. Се беше многу нагласено и многу се зборуваше за мојот изглед. Не се чувствував како да не припаѓам. Беше повеќе како – не сум во моите 20-ти или 30-ти, но сè уште не бев она што тие го сметаа за мајка“, објасни таа.

„Холивуд е суров кон жените на таа возраст бидејќи нема повеќе сценарија или улоги кои им одговараат. Или си мајка или си доволно возрасен за да не те сметаат за секси”, рече Деми.

Во нејзиниот нов филм таа ја игра холивудската ѕвезда Елизабет Спаркл. Кога зема експериментален лек за да создаде помлада верзија од себе, таа станува сосема друга личност.

Мур откри дека била длабоко трогната од сценариото на филмот, бидејќи на уникатен начин го разоткрил прашањето за стареењето.

Share
Scroll to Top