Денешниот датум 22/2/2022 се случува еднаш во животот, нумеролозите велат дека ќе ни донесе нови можности бидејќи е магичен ден

Денешниот датум 22/2/2022 се случува еднаш во животот, нумеролозите велат дека ќе ни донесе нови можности бидејќи е магичен ден

пред 2 години

Од нумеролошки аспект, 2022 година се заснова на три двојки. Бројот 2 е симбол на хармонијата, љубовта, интуицијата, вниманието и односите.

Ако ги погледнете поединечните датуми, ќе увидите дека само во текот на февруари веќе имавме два магични дена (2 февруари и 20 февруари) и сега третиот, 22.2.2022 година.

Обидете се да се сетите на 2 февруари. И тој ден беше преполн со „магична“ енергија. Какви сознанија се појавија тогаш во поглед на вашите врски или партнерства?

Во случајот со 22 февруари, имаме дури 6 двојки што според нумеролозите ја истакнува потребата за соработка и блискост. На овој ден размислете како комуницирате со вашите најблиски. Бидете искрени, отворете го вашето срце и споделете ги вашите чувства.

Денот е исто така добар и за зацврстување на вашата љубовна врска. Доколку покажете иницијатива и се вклучите во активности кои ќе ја направат вашата врска уште попродуктивна, тогаш енергијата на Венера ќе ви отвори нови можности.

Овој ден ќе дојде до израз и вашата длабоко вкоренета желба за рамнотежа и хармонија со другите. Затоа денес ќе чувствувате поголема емпатија, а можно е да направите и одредени промени во врската како и да ѝ ставите крај на рутината. Таа позитивна промена може да биде план за излет или патување.

Ако пак сте слободни, поминете го денот грижејќи се за себе и правете нешто во што уживате, било да е тоа пешачење, јога, медитација, масажа, третман на лице.

Сакајте се, уживајте во сопственото друштво, бидете свесни за она што се случува околу вас. На тој начин ќе бидете подготвени да запознаете некој. Овој ден може да биде и одличен датум за првиот состанок. Можеби токму денес ќе откриете дека ве привлекува оваа личност.

Бројот 22 се поврзува и со идејата за градење на нешто поголемо од вас, но под услов да работите во тим, заедно со другите. Во поглед на кариерата, ќе добиете нови идеи и решенија.

Тоа е така бидејќи бројот 2 не ја претставува само интимната врска меѓу луѓето, туку и соработката, размената на енергија што може да доведе до иновации.

Ако го разложиме датумот 22.2.2022 од нумеролошки аспект така што ќе ги собереме сите цифри сè дури не добиеме еден број, го добиваме бројот 3 (2 + 2 + 2 + 2 + 0 + 2 + 2 = 12; 1 + 2 = 3). Бројот 3 е поврзан со Јупитер и е симбол на неговата експанзивна енергија.

Откако дознавте за нумеролошкото значење на низата 2-2-2-2-2-2, можеби ќе сакате да дознаете и кој е вашиот скриен број.

Извор: sensa.mondo.rs

Share
Scroll to Top