Дензел Вашингтон најави повлекување од светот на филмот: „Се помалку ќе бидам пред камера“

Дензел Вашингтон најави повлекување од светот на филмот: „Се помалку ќе бидам пред камера“

пред 2 месеци

Актерот Дензел Вашингтон ќе глуми во продолжението на филмот „Гладијатор“, во режија на Ридли Скот.

Дензел Вашингтон во едно од неодамнешните интервјуа изјави дека Скот успеал да го убеди да се појави во овој филм бидејќи тој е негова инспирација во неговата работа.

„Ми останаа многу малку филмови за кои ме интересираат. Режисерот мора да ме инспирира, а Ридли успеа во тоа“, рекол актерот, пренесува Deadline, додавајќи:

„Нашата прва соработка беше одлична и тука сме повторно. Тој е возбуден за животот и неговиот следен филм. Тој е инспирација. Сите треба да се стремиме да се чувствуваме така на 86 години“.

Оваа година Вашингтон на Американскиот фестивал на црн филм го навести неговото повлекување од светот на актерството, за да се посвети на работата зад камерите.

„Нештата што ми се случуваат зад камерата сега ми се исто толку важни како и работите што се случуваат пред камерата. Мислам дека ќе поминувам се помалку време пред камера“, изјави тогаш Вашингтон, објавија споменатите медиуми.

Share
Scroll to Top