Најстариот професионален модел во светот, Дефни Селф, има 93 години, но засега не планира да се повлече од модата. Вели, ќе се пензионира кога ќе ѝ биде мака да се средува за сликање и со часови да позира пред камерите, но дека тоа најверојатно нема никогаш да се случи.
Кариерата ја почнала по Втората светска војна, кога победила на локален натпревар за „девојче на насловната страница“ и оттогаш не запира. По победата Дефне се приклучила на агенцијата Габи Јанг во Лондон, каде што го завршила својот тренинг како модел. Родена е во Лондон во 1928 година, а за време на нејзината кариера била уметнички и комерцијален модел, појавувајќи се и во рекламни кампањи за облека и за алкохол.
Селф беше омажена за театарскиот и телевизискиот продуцент Џим Смит. Кога се повлече од модната сцена, се пресели во Хертфордшир, за да се посвети на воспитувањето на нивните три деца. Таму живее и денес. Кога нејзиниот сопруг почина по долго боледување, таа неочекувано ѝ се врати на модата во 1970-тите, овој пат во индустријата за облека и козметика. Оттогаш работи без престан.
Својата животна приказна ја откри во своите мемоари „Начинот на кој се облекувавме“. Не крие дека нејзините модни совети ги слушаат и 20-годишни девојки. Дафне ја следат повеќе од 62.000 луѓе на Инстаграм.
За време на пандемијата немаше снимања, па на дамите им ги откри своите модни трикови. Вели дека нејзиниот стил е под влијание на нејзината мајка.
„Мајка ми отсекогаш била многу елегантна. Таа ми соши многу облека и се погрижи секогаш да изгледам најдобро. Во тоа време, секогаш имаше фустан за секоја пригода, без разлика дали одеше во црква, на забава, на коњи, на шопинг или само да поминува време дома. Мислам дека денес работите не се сменија многу. Доживувам напад кога ќе видам девојки, убави и млади, како излегуваат од куќата со тренерки. Тоа е неприфатливо. Секоја жена треба да биде уредна и средена како да го прави тоа за последен пат,“ вели Дафне.