Дејан Георгиевски ќе го носи македонското знаме на Олимпијадата во Токио

Дејан Георгиевски ќе го носи македонското знаме на Олимпијадата во Токио

пред 3 години

Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе го носи македонското знаме на отворањето на Олимписките игри во Токио. Тој е еден од двајцата спортисти што успеаја да ја исполнат олимписката норма заедно со борачот Могамедгаџи Нуров.

„Со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио“, напиша Дарко Костовски, тренер во таеквондо-клубот „Бутел“, на „Фејсбук“.

Освен Георгиевски и Нуров, каратистот Емил Павлов има можност да ја исполни олимписката норма и да биде трет македонски спортист што ќе настапи на ЛОИ 2021.

Share
Scroll to Top