Де Ниро е среќен што и Ал Пачино ќе му се придружи во клубот на постари татковци

Де Ниро е среќен што и Ал Пачино ќе му се придружи во клубот на постари татковци

пред 1 година

Роберт де Ниро се радува на веста дека неговиот пријател и колега Ал Пачино ќе му се придружи во клубот на постари татковци, пренесува Си-Ен-Ен.

Де Ниро, кој има 79 години, во април доби ќерка по име Гиа со девојката Тифани Чен.

Новинарите го прашаа Де Ниро како ја коментира веста дека Пачино (83) повторно ќе стане татко откако се дозна дека неговата 29-годишна девојка Нур Алфала е бремена. Таа наводно е бремена во осмиот месец.

„Каков тип. Тој е неколку години постар од мене. Господ да го благослови. Многу сум среќен поради него“, рекол Де Ниро, за магазинот „Пипл“.

Ал Пачино, холивудскиот ветеран познат по филмовите „Скарфејс“, „Д Гатфадар“, „Д Ајримен“ и „Сцент оф воман“ за кои доби Оскар за најдобар актер, има три возрасни деца – Џули Мари и близнаците Антон Џејмс.

Роберт де Ниро и Ал Пачино глумеа во неколку филмови заедно, меѓу кои „Кум 2“, „Жештина“ и „Ирец“.

Share
Scroll to Top