Дизниленд во Калифорнија повторно отворен по една година

Дизниленд во Калифорнија повторно отворен по една година

пред 3 години

Забавниот парк Дизниленд во Калифорнија повторно е отворен за посетители по нешто повеќе од една година. За сега тој ќе биде отворен само за жителите на Калифорнија, а капацитетот е ограничен на 25 проценти.

„Го чекавме овој ден толку долго, пресреќни сме што конечно повторно ги отворивме вратите за посетителите“, рекоа првите луѓе на Дизниленд на отворањето, додека посетителите аплаудираа, пренесуваат американските медиуми.

Отворањето на Дизниленд покажува дека во земјата расте оптимизмот дека се смирува пандемијата, бидејќи бројот на жртвите Ковид-19 опаѓа, и бројот на вакцинирани граѓани расте.

Иако бројот на жртви од коронав во САД е поголем од 580.000, просечниот дневен број на смртни случаи е намален од 3.400 лица во средината на јануари, на околу 670 лица во април.

Истовремено, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, објави дека сите ограничувања во најголемиот американски град ќе бидат укинати до 1 јули.

Share
Scroll to Top