Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ стана татко: Соња ми дари син на овој голем празник

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ стана татко: Соња ми дари син на овој голем празник

пред 3 години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски стана татко. Веста дека добил син на Петровден ја објави на Фејсбук. Тој кажа и дека бебето и мајката се чувствуваат добро.

„Денес ми се роди син, станав татко. Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански. Сине жив, здрав и среќен да растеш“, напиша тој.

Димче и Соња се венчаа во март, а на венчавката присуствуваа само нивните најблиски. Неколку месеци претходно, портпаролот откри дека ја побарал Соња за жена и дека чекаат бебе.

Share
Scroll to Top