Дина Јашари, младата македонска кантавторка добитник е на наградата „Милан Младеновиќ“ која се доделува во чест на фронтменот на групата „Екатерина Велика“. Доделувањето на наградата се одржа вчеравечер во Белград, на натпреварот во организација на Фондацијата „Милан Милановиќ“. Песната на Дина, „Дома“ освои најмногу гласови од стручното жири.
На примањето на наградата Дина се заблагодари на сите кои ги поддржуваат уметниците од регионот и истакна дека оваа награда е голема поддршка за неа и нејзината музика.
Оваа година победникот го прогласи минагодишната победничка Ана Ќурчин, додека Маја Маричиќ во име на Фондацијата Милан Младеновиќ и ја врачи наградата на Дина Јашара.
Регионалното жири составено од Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија), преслушале 219 песни пријавени на конкурсот и се одлучиле за 12 финалисти.
Наградата „Милан Младеновиќ“ по четврти пат ја доделува истоимената фондација, која е основана на тестаментот кој го оставила мајката на Милан, Даница Младеновиќ. Наградата се доделува секоја година на роденденот на Милан, 21 септември, а се состои од чартер и парична сума од 3.000 евра. Жирито се менува секоја година.
Добитник на првата награда доделена во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат беше групата Драм 2020 година со песната „Дај ми све“, а третата беше наградена на групата Ana & The Changes. за песната „Ту“ .
Фото: Весна Лалиќ – Нова.рс