Дино Мерлин се очекува да си замине од Белград со најмалку 3 милиони евра заработка

Дино Мерлин се очекува да си замине од Белград со најмалку 3 милиони евра заработка

пред 9 месеци

Босанскиот пејач Дино Мерлин ги распродаде сите четири концерти белградска Штарк Арена кои му се закажани за 18,19 и 21 ноември годинава и се очекува од Србија да си замине со заработка од три милиони евра пишуваат српските медиуми.

Цената на најнискиот билет е 3500 динари, додека поскапите за фан пит достигнуваат и до 6500 и 15.000 динари за со шанк или маса. Цената за во ложа е уште повисока.

Кога цените на билетите ќе се помножат со бројката од 24.000 колку што се очекува да дојдат се доаѓа до сума од 84 милиони динари, односно 717.000 евра.

Оваа сума ќе биде повисока затоа што некои од билетите чинат многу повеќе од 3000 динари. За четирите концерти, сумата која Мерлин и неговиот тим може да ја добијат е 5.743.000 евра.

Кога од неа ќе се одбијат трошоците за опремата, сцената и членовите на неговиот бенд и тим, може да се заклучи дека Мерлин со три милиони евра ќе си замине од Белград.

 

Share
Scroll to Top