Писателот и директор на Фондот за иновации, Коста Петров, минатиот вкенд ги скрши двете раце откако падна од велосипед на кеј. Со него бил и Петар Георгиевски-Камиказа кој му правел дрштво додека ја чекале брзата помош. Коста сподели фототографија од Клиниката за траума и ортопедија на својот Фејсбук профил, каде раскажа за несреќата.
“Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа.. Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија“, вели Петров.
Порака за побрзо закрпенување доби од Мухамед Зекири и актерот Сашо Ристовски.
„Ќе си бидеш дисциплиниран пациент и ќе се вратиш во форма и побрзо од што мислиш“, му пипуваат во пораките на Патров.
Коста Петров е успешен бизнисмен и автор на популарни книги. Беше Пи-ар експерт во Кабинетот на тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, а во август 2019 стана потпретседател на СДСМ. Од лани е директор на Фондот за иновации.