Дневна доза јагоди може да го подобри здравјето на срцето

Дневна доза јагоди може да го подобри здравјето на срцето

пред 4 години

Слатките и ароматични јагоди за многумина се омилено овошје, а полни се со есенцијални нутриенти, влакна, витамин Ц, фолна киселина и калиум.

Содржат и мала количина железо, бакар, магнезиум, фосфор, селен и витамин Б, К и Е. Иако јагодите во себе содржат и шеќери, се сметаат за намирница со низок гликемиски индекс бидејќи не влијае на порастот на шеќер во крвта во моментот, благодарение на антиоксидансите кои ги содржат.

Редовната консумација на јагоди е поврзана со здравото ниво на шеќер во крвта, вели студијата објавена во магазинот „Antioxidants and nutrients“.

Дневна доза јагоди може да го подобри здравјето на срцето
Една студија објавена во магазинот „Journal of Molecular Sciences“ предлага редовна консумација на намирници богати со витамин Ц, а тука спаѓаат и јагодите, кои го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Позитивно влијаат на здравјето на мозокот
Научниците велат дека јагодите можат превентивно да делуваат против намалување на мозочните функции, благодарение на флавоноидите кои се наоѓаат во нив, а тие имаат антивоспалителни својства и штитат од појава на рак.

Одлични се за дигестивниот систем
Една шолја јагоди содржат околу 3 грама растворливи и нерастворливи влакна, а оние растворливите се многу важни за добрата дигестија бидејќи ја собираат водата во дигестивниот тракт и со тоа помагаат во полесно разградување на нутриентите. Нерастворливите влакна ѝ додаваат цврстина на столицата, со што таа побрзо и полесно поминува низ цревата.

Некои студии покажуваат и дека јагодите помагаат во превенција на макуларна дегенерација која е најчеста причина за појава на слепило кај постарите лица. Истражувањата покажуваат дека со секојдневна консумација на 3 или повеќе јагоди може да се намали ризикот од развој на макуларна дегенерација за повеќе од 36 отсто. Научниците ја препишуваат ваквата добробит на елагинската киселина, антиоксиданс кој го содржат токму јагодите.

Share
Scroll to Top