Додека сите воведуваат ВАР технологија за фудбалските натпревари, Русите ја укинуваат

Додека сите воведуваат ВАР технологија за фудбалските натпревари, Русите ја укинуваат

пред 2 години

Додека сите сакаат да ја воведат ВАР технологијата во фудбалот, Русите сакаат да ја укинат, пренесоа руските медиуми. Една од најсилните фудбалски лиги која е 10 во Европа во моментов е приморана да се откаже од оваа технологија.

Тие ќе се откажат и поради бирократијата, но и големиот број грешки и забелешки на тренерите. Рускиот портал „Sport Ekspres“, пренесе дека постои голема шанса да се раскине соработката меѓу Фудбалскиот сојуз на Русија и компанијата Hawk-Eye Innovations Ltd.

Оваа компанија е лидер во полето на ВАР технологијата. Во тој случај Русите ќе мораат да пронајдат нов провајдер за ВАР технологија, а тоа не се договара преку ноќ велат експертите. Па така ВАР технологијата во Русија, или ќе се ограничи на некое време или трајно ќе се отстрани.

Компанијата која во моментов ја снабдува Премиер лигата во Русија е од Велика Британија и ја основаше јапонскиот „Сони“, па проектот е осуден на пропаст поради политиката, не толку поради самиот спорт.

Освен нив, уште четири компании од Белгија, Хонг Конг и две од САД имаат ФИФА сертификат, но не е лесно да се дојде до нив. Така најрано на есен 2023 година повторно во Премиер лигата на Русија би можеле да видиме ВАР технологија, ако дојде до било каков договор.

 

 

Share
Scroll to Top