Додека ја прележувавме короната дознавме дека пак ќе станеме родители: Деа и Бетмен Велит чекаат принова

Додека ја прележувавме короната дознавме дека пак ќе станеме родители: Деа и Бетмен Велит чекаат принова

пред 3 години

Водителката Анастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит, по вторпат ќе станат родители. Таа денеска објави на Инстаграм дека е бремена со машко дете.

„Дениција беше најумното бебе а сега веќе малеодевојче, па затоа желбата ѝ е исполнета. Ќе си добие “бато”.
Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни. И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители“, напиша таа.

За потсетување, Анастасија се породи со Дениција минатото лето, на 25-ти јули, а точно една година подоцна, парот и официјално стапи во брак, кога на свадбена церемонија Анастасија ги воддушеви присутните со уникатен невестински фустан кој го нарече фустан од соништата.

 

 

Share
Scroll to Top