Радиоактивната прашина од Сахара е присутна во Франција од февруари, објави Здружението за контрола на радиоактивноста.
Прашината ја донесе ветерот од пустината Сахара, и забележан е скок на загадувањето во делови на јужна Европа.
Научниците потврдија дека прашината е радиоактивна, по земањето мостри од неа.
Иако сегашните нивоа на зрачење не се сметаат за опасни, медиумите укажуваа на иронијата на целата ситуација. Во 60-тите години на минатиот век, Франција спроведе неколку нуклеарни тестови во Алжир, тогаш француска колонија, што доведе до контаминација со зрачење на Сахара, пренесува Sputnik International .
Метеоролозите објаснија дека приливот на прашина е предизвикан од големото невреме во Мароко, кое го зафати североисточниот дел на земјата со брзина од околу 100 километри на час.