Документарецот „Леле луѓе што направивме“ премиерно ќе се прикажува овој викенд

Документарецот „Леле луѓе што направивме“ премиерно ќе се прикажува овој викенд

пред 2 години

Документарецот „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо” премиерно ќе се прикажува овој викенд. Документарниот филм ќе биде промовиран викендов, 13. и 14.ноември, на Телевизија 24 од 20:45 часот.

Пласманот на кошаркарската репрезентација во полуфиналето на Европското првенство во Литванија кончно и во документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо” кој денеска го промовираше Олимпискиот комитет на Македонија, Кошаркарската федерација и продукцијата „ТриСтар”

На денешната прес-конференција , Сотир Сотировски од продукцијата „ТриСтар”, кажа дека  документарниот филм е изработен во две продолженија, а на него работела една млада, мотивирана, искусна екипа.

„Идејата за филмот доаѓа од уредникот на порталот за кошарка „Кош.мк”, Љубомир Ошавковски и останатата екипа, а со несебична поддршка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Kошаркарската федрација, како и други спонзори кои ја препознаа идејата, креиравме едно дело кое треба да остане запаметено и да го презентира огромниот национален успех и радост која што се случи во 2011 година, рече Сотировски.

Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, пак рче: „Тоа беше почеток на нова ера на македонскиот спорт, која нè ослободи сите, ни го даде она што ни беше неопходно да се почувствуваме дека сме и ние достојни за врвни спортски резултати. Мислам дека оттогаш навака, спортска Македонија е различна, многу посамоуверена. Впрочем, после тоа дојдоа и сите поголеми успеси и на репрезентативен, и на клупски, и дај боже сега и на олимписки план“.

Своевремениот селектор на репрезентацијата, Марин Докузовски, пак вли дека  ова е еден прекрасен филм кој што ќе нè потсети на сето она што се случуваше тогаш.

– Драго ми е, многу сум среќен што е направен овој документарец и што тука има ситуации кои што обичните луѓе не можеа да ги видат на малите екрани. Имаше некои интересни моменти од нашите подготовки, од нашите тренинзи и од натпреварите, што мислам дека ќе направи да биде уште поинтересно гледањето на овој филм, рече Докузовски.

 

 

Share
Scroll to Top