Доли Партон гола на „Плејбој“ на 75 години

Доли Партон гола на „Плејбој“ на 75 години

пред 4 години

Кантри-ѕвездата Доли Партон сака да се слика за „Плејбој“ на нејзиниот 75. роденден догодина. Таа веќе разговарала со уредниците на еротското списание да направат фотосесија која би ја објавиле догодина. Партон веќе беше на насловната на „Плејбој“ во октомври 1978 година, кога имаше 32 години.

„Сакам да се сликам за ‘Плејбој’, дури и гола, а мислам дека и тие сакаат да го направиме тоа, заедно со големо интервју за мојот живот и за кариерата. Но сè мора да биде точно испланирано, со вкус, затоа што јас не сум девојка што сака да се пробие со голите гради, туку на некој начин да ја заокружам кариерата“, рекла Партон во интервју.

Таа додала и дека сака на една од сликите да ја рекреира нејзината стара насловна страница, каде што носи плејбој-костим и зајачки уши.

„Сè уште можам да влезам во истиот костум. А и градите ми се исти како тогаш. Јас ќе изгледам исто и на 90 години. Само ќе имам подебел слој шминка и косата ќе ми биде повеќе тапирана“, рекла Партон.

Share
Scroll to Top