Домашен пилинг за сува кожа

Домашен пилинг за сува кожа

пред 3 години

Пилингот за лице игра важна улога во изгледот на кожата, бидејќи ги отстранува сите нечистотии, правејќи ја кожата здрава, еластична и младешка. Издвоивме два рецепта за жени што имаат проблем со сува кожа.

Пилинг со кафе

Талогот од кафе е многу ефикасен на сува кожа. Ова е наједноставниот домашен пилинг за лице за сува кожа. Може да се користи мелено кафе, а уште попрактична опција е да се икористат остатоците од талогот од утринското кафе.

Подготовка: Добро се меша една лажица кафе со една лажица вода. Смесата се нанесува на лицето со кружни движења. Се остава да отстои до 5 минути и потоа се плакне со млака вода. Ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја прави чиста и свежа.

  

Пилинг со кокосово масло и лимон

Пилинг на база на масло одговара на сува кожа, а лимонот ќе ја направи екстра мека.

Подготовка: Треба да се додадат 2 лажички шеќер на половина чаша кокосово масло и сè добро да се измеша. Потоа се додава 1 лажица сок од лимон во оваа мешавина. Пред да се нанесе се мие лицето и се трие со подготвената смеса. На крај се плакне со млака вода.

 

Share
Scroll to Top