Потребни состојки:
2 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно (рамни лажици)
1 лажица маслиново масло
Крем:
Готов крем за кремпити
800 мл млеко
За украсување:
2 кесички шлаг
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, додадете брашно и масло и изедначете ги. Истурете ги во плех 30х20 см. Печете на 200 степени, околу 15-20 минути. Во меѓувреме, истурете ја смесата со кремот во длабок сад и изматете со миксер, додадете го млекото и промешајте според упатството. Испечената торта прелијте ја со кремот и израмнете. Изматете го шлагот и украсете ја.