Домашна штрудла со мак - Reporter.mk

Домашна штрудла со мак – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

250 мл млеко
1 лажица шеќер
25 гр квасец
100 гр маст
2 жолчки
3 лажици шеќер
550 гр брашно

Фил:

300 гр мелен мак
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
200 мл врело млеко

За премачкување:

1 жолчка
шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка: 

Подготовете го прво филот за добро да се олади. Мелениот мак, ставете го во сад со млекото и шеќерот да зоврие. Нека се вари околу 15-тина минути. Тргнете го од рингла и оставете го да се лади. Потоа замесете го тестото. Во млакото млеко ставете го квасецот, лажица шеќер и брашно и оставете го 10 минути да нарасне. Во сад за месење, ставете ја маста, жолчките и три лажици шеќер. Измешајте, а потоа ставете го квасецот и замесете го тестото. Оставете го 30 минути да нарасне. Поделете го тестото на два дела. Секое парче развлечете го одделно на хартија за печење. Ставете половина од подготвениот фил и виткајте во ролат. Ставете го на тава обложена со хартија за печење, а другиот ролат направете го по истата постапка. Жолчката измешајте ја со една лажица млеко и премачкајте ги штрудлите, а потоа веднаш ставете ги во загреана рерна на 180  степени и печете 35-40 минути. Кога штрудлата ќе се излади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.

Share
Scroll to Top