Домашни крем банани - Reporter.mk

Домашни крем банани – Reporter.mk

пред 4 години

Потребни состојки:

600 гр шеќер
3 кесички желатин
300 мл вода
1 екстракт од банана

За глазура:

150 гр млечно чоколадо
малку путер
малку масло

Начин на подготовка:

Ставете 200 мл вода во сад, додадете шеќер и варете на тивок оган додека не се стопи. Растворете желатин во 100 мл вода. Кога шеќерот ќе се стопи, истурете го добиениот сируп во пластичен сад и внатре додадете желатин. Измешајте ја добиената смеса со миксер за да се добие убава густа смеса, па во неа додадете екстракт од банана. Ако сакате посилен вкус на банана, можете да додадете малку повеќе екстракт. Подмачкајте го со масло плехот во кој ќе ја истурите смесата. Растопете го чоколадото на пареа. Потоа истурете го филот во плехот и прелијте го со глазурата од чоколадо. Можете да почекате жолтата маса да се излади малку, а потоа исечете ја на правоаголници и потоа секој од нив одделно преливајте го со чоколадо. Ставете ги во фрижидер неколку часа, па послужете ги.

Share
Scroll to Top