Домашни маски за нега на ноктите

Домашни маски за нега на ноктите

пред 5 години

Ако сте дама која се грижи за своите нокти, која често ги лакира ноктите, го вади лакот со ацетон или често оди на маникир, тогаш сте во ризик од оштетување на ноктите. Затоа треба одвреме-навреме да им давате пауза за да се одморат.

Во продолжение ви пренесуваме рецепти за одлични домашни маски за нега на ноктите.

1. Хранлива маска од банана за исхрана на ноктите

Состојки:

  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка павлака за готвење
  • 1 испасирана банана

Постапка: Измешајте ги сите состојки за да добиете мазна смеса. Нанесете ја маската врз ноктите и држете ја околу 10 минути пред да ја исплакнете.

2. Маска од жолчки од јајце и мед за зајакнување на ноктите

Жолчките од јајце ги снабдуваат ноктите со протеини за зајакнување, а медот има антиинфламаторно и антигабично дејство.

Состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица вода
  • капка или две есенцијално масло од лаванда за мирис

Постапка: Измешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата врз ноктите и кутикулите. Оставете ја да делува околу 10-15 минути. Исплакнете ја маската со млака вода.

3. Маска со пиво и оцет за сјај на ноктите

Состојки:

  • ¼ чаши маслиново масло
  • ¼ шолја пиво
  • ¼ чаша јаболков оцет

Постапка: Измешајте ги сите состојки и натопете ги ноктите во овој течен раствор околу 10 минути. Потоа исплакнете ги со млака вода и нанесете крема.

Share
Scroll to Top