Домашни пирошки од компири - Reporter.mk

Домашни пирошки од компири – Reporter.mk

пред 4 години

Потребни состојки:

500 гр. брашно
25 гр. квасец
2 дл. млако млеко
1 лажиче шеќер
2 компири
50 гр. маргарин
сол
2 јајца
150 гр. шунка
200 гр. сирење

Начин на подготовка:

Компирот се мие и лупи, па се обарува во солена вода. Се цеди и пасира со малку сол. Се подготвува квасецот – се става во сад со млеко, шеќер и малку брашно, се меша и се остава да надојде. Се става половина од брашното со јајца, па компирот и маргаринот, а потоа се додава и квасецот. Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце. За филот исечете ја ситно шунката и изронете го сирењето. Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па биткајте ги во ролни. Потопете ги во јајца и презла, па испржете ги во жешко масло.

Share
Scroll to Top