Доналд Трамп доби две номинации за Златна малина

Доналд Трамп доби две номинации за Златна малина

пред 3 години

Иако не е актер, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе има можност по вторпат да освои Златна малина, награда спротивна на Оскарите, со кои се наградува најлошото во Холивуд.

Американскиот претседател, кој доби Златна малина во 1991 година за споредна улога во „Духовите не можат да го направат тоа“, е номиниран за два документарни филма, „Смрт на нација“ и „Фаренхајт 11/9“, иако во нив се појавува само во архивски снимки. Тој ќе има силна конкуренција затоа што е во категорија со актерите Џони Деп, Вил Ферел, Џон Траволта и Брус Вилис.

Трамп и „неговата самоодржувана милост“, како што стои во објавата, се номинирани за најлоша комбинација на филм, додека првата дама Меланија Трамп доби номинација за најлоша споредна улога за своето појавување во „Фаренхајт 11/9“, во режија на оскаровецот Мајкл Мур.

За најлош филм ќе конкурираат „Готи“, комедиите „Холмс и Вотсон“ и „Среќни убиства“, „Робин Худ“ и „Винчестер“. „Готи“, „Холмс и Вотсон“ и „Среќни убиства“ доминираат со по шест номинации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на 23 февруари, традиционално, ден пред Оскарите.

Share
Scroll to Top