Доналд Трамп доби црн појас од Светската теквондо академија во Јужна Кореја

Доналд Трамп доби црн појас од Светската теквондо академија во Јужна Кореја

пред 2 години

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби почесен црн појас во теквондо од „Кукивон“, светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја. Овој појас покажува дека Трамп го постигнал највисокото ниво во оваа боречка вештина.

„Претседателот на ’Кукивон‘, Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. ’Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека таеквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон‘,“ се вели во соопштението.

Веста за црниот појас на Трамп предизвика различни реакции во јавноста. Некои луѓе го одобруваат потегот, повеќето негодуваат, а имаше и такви што се потсмеваа со Трамп.

Share
Scroll to Top