Драматичен лет, Шекеринска едвај слета од Виена за Скопје

Драматичен лет, Шекеринска едвај слета од Виена за Скопје

пред 10 месеци

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, ноќеска едвај слетала во Скопје. По непроспиена ноќ на летот од Виена, таа утрово објави фотографија од својот дом па вели: „Кој рано рани, цела вечер се мачел да слета во Скопје. Како утеха – прекрасно утро“.

Според кажувањата на очевидци кои биле на летот од Виена за Скопје, во кој била и Шекеринска, имало вистинска драма, дознава Репортер. Поради невремето авионот не можел да слета на аеродромот во Скопје, па долго време кружел над градот. Потоа бил пренасочен кон Софија, но кога слетал во Софија, никој од патниците не се симнале. Се чекало да се создадат услови, па повторно да полетаат за Скопје, каде доцна во ноќта безбедно слетале на скопскиот аеродром. Некои до нив велат дека летот бил удобен, патниците се добро, и дека и покрај временските неприлики се завршило добро, ни раскажаа за Репортер.  (А.Г.)

Share
Scroll to Top