Древните Маи исчезнале затоа што со векови се труеле со жива, сметаат научниците

Древните Маи исчезнале затоа што со векови се труеле со жива, сметаат научниците

пред 2 години

Древните Маи исчезнале затоа што со векови се труеле со жива, сметаат научниците. Токсичното ниво на загадување со жива, кое е најчесто е поврзано со современата индустрија, сега е откриено и на со векови стари археолошки локалитети, каде некогаш почивала нивната култура.

Одамна пред доаѓањето на Конквистадор, кој во Новиот свет донеле војни и болести, урбаните центри на Маите била загадене со големи количини на жива.

„Загадувањето со волкава количина на жива, обично се поврзува со современите урбани центри и индустриски подрачја“, рече Данкан Кук, геоархеолог од Австрлалискиот католички универзитет и предводник на студијата која го проучува еколошкото наследство на Маите.

Заедно со тим истражувачи од САД и Британија, Кук ги анализирал базите на примероци и податоци собрани од 10 локалитети кои поттекнуваат од класичниот период на Маите.

Споредбата и анализите на земјиштето покажале дека на седум од 10 локалитети е утврдено концентрација на жива еднаква на модерните горни граници на токсично ниво или над тоа ниво.

„Откривањето на живата длабоко во земјата во седиментите на древните мајски градови, ќе биде тешко да се објасни сè додека не се земат предвид претходните археолошки откритија во регионот кои укажуваат дека Маите користеле жива пред неколку векови“, рече Кук.

Во својот чист облик, живата е метам со сјајносива боја која се топи на ниски температури и се претвора во густа течност, која низ историјата го добила името брзо сребро на германски quecksilber или на англиски quicksilver.

Сепак низ историјата, соединениата кои содржат жива биле широко користени во индустријата и културата. Меѓу популарните е живата нитрат која е користена за да се зацврсти крзното за шеширите, а која ги труела нервните системи на занаетчиите кои ги изработувале.

Можеби најпопуларниот облик на жива кој е користен во историјата е живен сулфид, минерал познат како цинабар, кој е користен како пигмент за да се добие светло црвена боја за боење облека и садови. За народот опседнат со крв, како Маите, циноберот претставувам многу повеќе од светла нијанса црвена.

„За Маите, силниот црвен пигмент цинобер бил незаменлива и света супстанца и покрај тоа што бил многи смртоносен и токсичен и неговото присуство во земјата и седиментите на дрвените мајски локалитети и понатаму трае“, рече геоархеологот Миколас Данинс од Универзитетот во Синсинати.

Share
Scroll to Top