Дрејк изгуби милион долари иако погоди дека Аргентина ќе победи

Дрејк изгуби милион долари иако погоди дека Аргентина ќе победи

пред 2 години

Канадскиот рапер Дрејк изгуби уште една голем облог, откако стави милион долари на победа на Аргентина над Франција на светското првенство во Катар. Иако Аргентина победи, раперот изгуби затоа што прогнозираше дека ќе победат во регуларните 90 минути.

Аргентина имаше два гола предност до 80 минута, кога Мбапе го израмни резултатите до крајот на натпреварот и се избори за продолжетоци.

По продолженијата, Аргентина пак поведе, но Мбапе пак даде гол и се избори за пенали. Аргентина на крајот го освои пехарот, а Дрејк остана без милион доалри. Ако погодеше ќе освоеше 2,7 милиони долари.

За потсетување, Дрејк во последните месеци изгуби големи пари на спортски настани. Минатиот месец изгуби повеќе од 2 милиони долари кладејќи се на бившиот UFC шампион Исраел Адесања, дека ќе ја одбрани титулата против Алекс Переира. Претходно се кледеше на Барса против Реал Мадрид.

Ел класико го чинеше 649.000 долари, а исто така го изгуби и облогот за мечот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед во Премиер Лигата.  Дрејк исто така се обложи со 230.000 долари за победа на Шпанското ГП оваа година на Шарл Леклер, само што возачот на „Ферари“ му откажа моторот.

Инаку, Дрејк е голем љубител на спортот, особено на НБА тимот на „Репторс“ од неговиот роден град Торонто, чиј амбасадор е.

Share
Scroll to Top