Дуа Липа организира фестивал во Приштина со светски познати ѕвезди

Дуа Липа организира фестивал во Приштина со светски познати ѕвезди

пред 2 години

Пејачката Дуа Липа ќе организира фестивал во Пристина на кој ќе настапат светски познати имиња како Дипло, Џеј Балвин, Скепта.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа што таа се појавува како организатор на фестивалот, Дуа Липа ќе има и свој настап.

„Sunny Hill Festival“ е создаден од Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин во 2018 година. Поради пандемијата на корона вирусот, две изданија на фестивалот беа одложени, а во 2022 година фестивалот освен во Косово, носи големи ѕвезди и во Тирана, Албанија.

Музичкото случување во Приштина ќе се одржи од 4 до 7 август.

„Sunny Hill Festival“ во Тирана, пак, ќе се одржи на крајот на месецот, од 26 до 28 август, а сè уште се чека поставата за албанската верзија на фестивалот. Организаторите на фестивалот изјавија дека сакаат луѓето да го доживеат фестивалот со најдобрата постава во Југоисточна Европа, со некои од најпознатите современи изведувачи.

Share
Scroll to Top