Популарниот бенд „Дупер“ на 7 јули (среда) ќе го промовира нивниот прв албум, наречен „Хипер“. По три години на сцената, Борис Какуринов (гитара и клавијатурa) и Илчо Нечовски (вокал и бас гитара) најави дека албумот е готов и ќе се најде во продажба. Тие објавија и кусо видео, како најава за албумот.
„Дупер“ се прославија како трио во 2018 година со нивната прва песна „Не сум твој тип“. Песната до сега има преку три милиони прегледи на Јутјуб. Во тоа време во бендот членуваше и Марина Баракоска (тапани), но по неколку издадени песни, поради несогласувања, таа си замина од бендот и оттогаш „Дупер“ се Борис и Илчо.